Македонскиот прволигаш Академија Пандев нема конкретен коментар на најавата на Беласица дека двата струмички клуба ќе се фузираат и дека „пандевци“ во претстојната сезона ќе го отстапат местото во Првата лига на постариот струмички клуб. Тие се фокусирани на настапот на европска сцена и дуелите со Лехија Гдањск.
„Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на шампиони?
Академија Пандев за точно четири дена по вторпат во својата 12-годишна историја ќе настапува во квалификациски меч од европските клупски натпреварувања. Ние сме целосно фокусирани за што подобра презентација на македонскиот фудбал против еден многу силен и сериозен противник, полскиот тим Легија Гданск. Клубот е сто проценти насочен кон исполнување на нашите идеи и визија, па секоја информација што е надвор од нашиот европски настап, изјавуваме дека е неофицијална и не е вредна за коментар“, истакнаа од ФК Академија Пандев.