По долги четири години, повторно дојде време за најдоброто во светот на фудбалот – 21. Светско првенство во Русија, кое официјално беше отворено на прекрасниот „Лужники“ во Москва.
Англиската поп-ѕвезда Роби Вилијамс го отвори шампионатот со микс на свои песни, а имаше придружба во руската оперска ѕвезда Аида Гарифулина.
Амбасадорката на СП, Викторија Лопирева влезе на теренот со официјалната топка, додека бразилската фудбалска легенда Роналдо доби придружба во официјалната маскота на шампионатот, Забивака.
Свечено, шампионатот го прогласи за отворен, рускиот претседател Владимир Путин, еден од најзаслужните луѓе за тоа што Русија доби толку големо натпреварување.
Веднаш потоа, од 17 часот започнува првиот меч на шампионатот, во кој домаќинот Русија ја пречекува Саудиска Арабија.