Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампионите, успеа да ја сочува својата мрежа.
ЦСКА во претпоследното коло во А-групата ја совлада Бенфика 2:0, со што Акинфеев го прекина негативниот рекорд, односно по цели 11 години остана несовладан на натпреварот одигран во елитното натпреварување.
„Му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната одиграа одлично и му овозможија на Игор да оствари ’клин шит“. Сакавме да заврши лошата низа, најмногу од сите Акинфеев“, рекол тренерот на ЦСКА, Виктор Гончаренко.
Акинфеев целата своја кариера ја минува во ЦСКА, чиј дрес прв пат го облекол на 16-годишна возраст и досега има настапено на 522 натпревара.
ЦСКА се наоѓа на третото место во А-групата со девет бода колку што има и Базел. Во последното коло тимот од Москва ќе гостува кај Манчестер јунајтед, а Базел ќе патува во Португалија кај Бенфика.