Напаѓачот на англискиот третолигаш Вајкомб, Адебајо Акинфенва му порача на Серхио Рамос дека има среќа што никогаш нема да игра против него, по што „здроби“ копачка да му покаже што би му се случило.
36-годишниот Акинфенва е навивач на Ливерпул и како сите фанови на „црвените“ го смета Рамос за „непријател број 1“ по неговите дуели со Мохамед Салах и Лорис Кариус во финалето на ЛШ на 26 мај.
Откако се дозна дека голманот Кариус добил потрес на мозокот при судирот со Рамос покрај повредата на рамото на Салах, Шпанецот одговори дека не може да е виновен за повредите на ривалите со саркастичен одговор.
„Помина една недела од финалето на Лигата на шампионите и само што се вратив од одмор. Серхио Рамос, не само што го собра мојот човек Мо Салах, сега слушам дека си му дал потрес на мозокот на Кариус. Види, брате, јас нема да играм никогаш против тебе бидејќи нема да стигнам до Лигата на шампионите, но ти навистина имаш среќа“, му порачува Акинфенва, по што ја крши копачката.
Don’t worry Liverpool FC I will always have your back. #YNWA ????????????? #WeInThisTogether #SometimesYouHave2Smile #BeastMode pic.twitter.com/2aaYtffSMs
— daRealAAkinfenwa (@daRealAkinfenwa) June 6, 2018