Top Sport

Ако Аталанта ги загуби двата натпревари во Серија А Рома ќе игра во ЛШ

Аталанта ја освои Лига Европа со победата против Леверкузен во Даблин, благодарение на хет-трикот на Адемола Лукман (3:0). Аталанта и претходно, преку Серија обезбеди место во Лигата на шампионите.

Победата на Аталанта го става италијанскиот фудбал во една апсудрна ситуација. Доколку Аталанта не освои ниту бод во преостанатите два натпревари, во Лигата на шампионите наредната сезона ќе игра и Рома.

За појаснивање, според УЕФА коефициентот, Италија и Германија наредната сезона преку националните шампионати добија по пет места во елитата.

Италија може да добие уште едно место но само доколку Аталанта не биде меѓу најдобрите екипи, што значи дека доколку не освои ниту еден бод во двата натпревари до крајот на сезоната, место меѓу 36. екипи во ЛШ ќе добие и Рома.

Во спротивно, според УЕФА коефициентот, директен пласман во ЛШ ќе обезбеди Бенфика. Португалците имаат најдобар коефициент и не би морале да играат плеј-оф за пласман.

Аталанта во недела ќе го пречека Торино, а пото ќе го одигра натпреварот од 29.коло, кога во Бергамо ќе гостува Фиорентина.

Апсурдот е во тоа што во интерес на италијанскиот фудбал е Аталанта да остане на петтото место и Серија А да добие шест тима во ЛШ, што досега никогаш не се случило.

Доколку се случи ова „вина“ ќе има и УЕФА бидејќи нејзините правила го направија овој хаос.

Scroll to Top