Потенцијалниот најавен трансфер на Ромелу Лукаку може да донесе неочекуван „бонус“ за неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед.
Италијанските и англиските медиуми тврдат дека „сините“ не се откажуваат од желбата да го вратат Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“ и дека се подготвени да дадат многу кеш да го добијат вистинскиот човек, со сума која ќе дојде блиску до 100 милиони фунти. Од ова ќе „ќари“ и Манчестер јунајтед!
Според „Телеграф“, од трансферот на Лукаку, кој играше две сезони на „Олд Трафорд“ со 42 гола во 96 меча, Јунајтед ќе добие 5 отсто, така што може да се работи за сума од 5 милиони фунти.