Top Sport

„Ако ме повика Барса веднаш се враќам“

Фудбалерот на Челси Педро Родригез на крајот од сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен играч. Постои можност Педро да се врати во Барселона. Иако имаше добро настапи во подготвителниот период, Шпанецот има одиграно само десет натпревари од почетокот на сезоната.

Педро има 32 години, Челси нема да му понудат нов договор, поради што тој во јануари ќе може да започне преговори со заинтересираните клубови.

„Ако добијам повик од Барселона се ќе оставам. Имаше момент во прет сезоната кога игравме против Барса, тогаш разговарав со тренерот „видиов“ можност да се вратам, но таа врата бргу се затвори. Во овој момент не знам што ќе се случува со мојата кариера. Имам договор со Челси до крајот на сезоната“, рекол Педро.

Овој поранешен шпански репрезентативец англиските медиуми го поврзуваат со трансфер во Вест Хем.

Педро играч на Челси стана во 2015 година кога „сините“ платија за него 26 милиони евра. Со Барса има пет титули во Ла Лига и три во Лигата на шампионите, со Челси еднаш ја освоил Премиер лигата и еднаш Лига Европа.

Scroll to Top