Top Sport

Ако не им успее планот со Влаховиќ, Јувентус ќе бараат напаѓач во Премиер лигата

Јувентус се подготвува за зимскиот преоден рок. Клупските челници и тренерот Масимилијано Алегри се свесни дека тимот мора да се засили доколку сака да избори место во Лигата на шампионите.

Прв пик на Јувентус е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ. Проблем е што Фиорентина не сака Србнот да замине во редовите на омразениот ривал. Бројните понуди од Премиер лигата исто така се проблем за Јувентус.

Во случај да не им успее планот со Влаховиќ во Јувентус подготвиле и други решенија.

„Старата дама“ ги следи Ентони Марсијал, кој по доаѓањето на Кристијано Роналдо речиси и да не игра во Манчестер јунајтед и Александар Лаказет, кој е резервна опција во нападот на Арсенал.

На листата на Алегри е и Мауро Икарди од ПСЖ.

Scroll to Top