Top Sport

Ако не успеат со Халанд „планот Б“ на Барселона е Хари Кејн

Европските великани, ја започнаа трката за потписот на Ерлинг Халанд. Менаџерот и таткото на фудбалерот, Мини Рајола и Алф-Инге Халанд, вчера започнаа да ги собираат понудите. Турнејата ја започнаа од Шпанија, најпрвин беа во Барселона, а потоа во Реал Мадрид.

Интерес за Халанд, покрај шпанските великани покажуваат и двата клуба од Манчестер, ПСЖ, Јувентус. Интересно е што луѓето околу Халанд собираат понуди, иако од неговиот клуб Борусија Дортмунд, објавија дека тој нема да биде продаден од лето.

Нема информации како завршиле преговорите на Рајола и Халанд сениор со првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта.

Шпанските медиуми пишувата дека Барселона има и „план Б“, доколку преговорите за Халанд завршат неуспешно.

Наводно во клупските планови се наоѓа Хари Кејн, лидерот на Тотенхем. Од Барселона се интересирале за платата на Кејн. Напаѓачот годишно заработува 12 милиони евра. Оваа сума и нешто повеќе Барселона може да си ја дозволи, само доколку продаде некој од скапо-платените фудбалери.

Она што е проблем, не само за Барселона туку и за другите клубови, е што Тотенхем нема да го продадат Кејн за помалку од 150 милиони евра.

Scroll to Top