Килијан Мбапе неколку години се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Сепак како тинејџер Мбапе од Монако реши да се пресели во ПСЖ. Монако од неговиот трансфер заработија 180.000.000 евра.
Според медиумите, Мбапе наредното лето ќе се пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Тој не сака да го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува во јуни 2022 година, што значи дека наредниот летен преоден рок е последна шанса „светците“ да заработат од неговиот трансфер.
Робер Пирес, поранешниот француски репрезентативец е убеден дека напаѓачот од наредното лето ќе го носи дресот на Реал.
„Секако дека би сакал да го видам Мбапе во Реал. Французин сум, го сакам ПСЖ, но доколку сака да напредува во кариерата тој мора да се пресели во Реал“, рекол Пирес за „АС“.
Покрај Реал сериозен интерес за Мбапе покажува и Ливерпул.