Top Sport

Ако сакаат Ред бул Салцбург уште утре можат да го купат Роналдо

Ред бул Салцбург ако посакаат уште утре можат да го донесат Кристијано Роналдо, бидејќи се најмоќниот фудбалски клуб, тврди германскиот фудбалер Оливер Крагл.

Компанијата за производство на енергетски пијалоци „Ред бул“ по успешното влегување во Формула 1 и четирите титули во низа на Себастијан Фетел, во 2005 година влезе во фудбалот купувајќи го австрискиот клуб СВ Австрија Салцбург, и го преименуваа во Ред бул Салцбург.

Оттогаш, тие ја зголемија својата фудбалска империја со клубовите Њујорк ред булс, Ред бул Бразил, Ред бул Брагантино, Ред бул Гана и најважно, РБ Лајпциг. Германскиот клуб се крена во Бундеслигата за да стане ривал за титулата на историски големите германски клубови, а оваа сезона првпат се пласираа во четврт-финалето на Лигата на шампиони, по победата над Тотенхем.

Крагл, кој игра во италијанскиот второлигаш Беневенто, вели дека клубовите на Ред бул се толку моќни што можат да го донесат дури и Роналдо.

„Ред бул Салцбург ги намачија актуелните европски шампиони Ливерпун на ’Енфилд’ и извлекоа реми кај Наполи на гости. Ред бул ако посакаат уште утре можат да го донесат Роналдо ако го сакаат тоа. Мислам дека Салцбург би биле силни и во германската Бундеслига“, вели Крагл, кој претходно играше и во Германија и Австрија.

Додека играше за австрискиот Рид, тој играше против младиот Садио Мане, кој играше за Салцбург, каде што постигна 45 гола во 87 меча од 2012 до 2014 година, кога замина во Саутемптон, а подоцна и во Ливерпул.

„Ми беше противник неколку пати и брутално ме уништи. Салцбург не победија со 5:0. Веднаш се забележа дека ќе биде исклучителен фудбалер“, вели Крагл.

Scroll to Top