Спортскиот директор на Рома, Шпанецот Мончи, не седи со скрстени раце и веќе знае кој би можел да го замени голманот Алисон Бекер доколку тој реши да го напушти клубот.
Бразилскиот репрезентативен голман зад себе има извонредна сезона, поради што го привлече вниманието на неколку големи европски клубови, а наводно најголем интерес покажува европскиот првак Реал Мадрид.
Доколку Алисон ја напушти Рома, во клубот би пристигнал швајцарскиот репрезентативец Јан Зомер.
Овој 29-годишен голман, има големо искуство, во кариерата веќе има 75 настапи во европските купови за Базел и Борусија Менхенгладбах, а во одлична форма брани и тековното Светско првенство.
Рома била подготвена за неговиот трансфер да издвои 30 милиони евра.