Top Sport

Акрингтон ќе мора да им купува хамбургери на фудбалерите?

Англискиот четвртолигаш Акрингтон Стенли мораше да одговара пред Фудбалската лига (ЕФЛ) за својата практика да им купува хамбургери од „Мекдоналдс“ на своите играчи по секоја победа во лигата.

Сопственикот на Акрингтон, Енди Холт мораше да одговара пред комитетот на ЕФЛ, откако му се „испушти“ дека по победите им дава „стотина фунти за ’Мекдоналдс’“ на своите играчи. Ова е во спротивност на правилата на ЕФЛ – секој бонус мора да биде внесен во договорот на играчите.

ЕФЛ за ова најде соломонско решение – Холт мора да има „постојан приод“ за секој меч, што значи дека мора да им купува хамбургери дури и кога ќе загуби неговиот клуб. Неверојатна бирократија за еден хамбургер.

Scroll to Top