Top Sport

Ал-Ахли со понуда до Барса за Франк Кеси

Саудискиот Ал-Ахли пратил понуда до Барселона за Франк Кеси „тешка“ 20 милиони евра, со годишна плата од 10 милиони евра за фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, тврдат шпанските медиуми.

Кеси пристигна на „Ноу Камп“ од Милан како слободен играч минатото лето, но Барса е поготвена да го продаде и бара сума од 30 милиони евра. Иако разликата е голема, Барселона може да се реши за договор, поради проблемите кои ги има со регистрацијата на играчите по финансиските проблеми.

26-годишниот Кеси имаше и поголеми понуди од таа на Барселона минатото лето, но се реши за трансфер во Каталонија, така што останува нејасно дали ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија, која му гарантира двојно повисока плата.

Scroll to Top