Човекот кој беше сопственик на англискиот фудбалски клуб Портсмут шест недели во 2009 година, е осуден на пет години во затвор во Обединетите Арапски Емирати, откако украл 5 милиони фунти од сопругата за да го финансира откупот.
Сулејман Ал Фахим, кој исто така беше дел од „Јунајтед групацијата“ на Абу Даби, која во 2008 го купи Манчестер сити, е осуден за фалсификување, користејќи ги документите со име на сопругата. Тој и неговиот соучесник со украдените средства го купиле Портсмут од израелскиот бизнисмен Саша Гајдамак, но Ал Фахим веднаш потоа го продаде клубот на Али Ал Фараџ.
Сопругата на Ал Фахим почнала да се сомнева кога високата камата не и пристигнала на сметката, и кога отишла лично во банката, ѝ било кажано дека парите ги нема. Полицијата лесно го решила случајот.
Embed from Getty Images
Кога Ал Фахим беше сопственост, Портсмут беше во Премиер лигата, но исто така во големи финансиски проблеми и со неисплатени плати на играчите и тренерите. Четири години подоцна, Портсмут банкротираше двапати, трипати испаѓаше од лигата и имаше седум различни сопственици.
Во 2013, тимот беше презеден од трастот на навивачите на клубот, кој го продаде на извршниот директор на Дизни, Мајкл Ајзнер во август 2017 година. Лани клубот влезе од четвртата во третата лига и моментално се на деветтото место.