Top Sport

Ал-Хелаифи и ЕЦА ја убедиле Рома да не игра со Барселона како „казна“ за Суперлигата

Барселона неодамна објави дека планира да ја тужи Рома, откако италијанскиот клуб неочекувано го откажа учеството на Гампер трофејот, традиционалниот прв меч на каталонскиот клуб на „Ноу Камп“, а сега „Кориере дела сера“ тврди дека тие го направиле тоа по убедувањето од Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и нивниот претседател Насер Ал-Хелаифи како „казна“ за проектот за Европската Суперлига.

Притисокот се случил бидејќи Барселона, заедно со Реал Мадрид и Јувентус, уште се немаат откажано од идејата за Европска Суперлига по „колапсот“ на планот минатата година. ЕЦА по објавата за Суперлигата остана без тогашниот претседател, првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели и на негово место беше поставен Ал-Хелаифи, кој исто така има и потпретседателско место во УЕФА.

Барса ќе ја тужи Рома за откажувањето на учеството на Гампер трофејот

Scroll to Top