Top Sport

Ал-Хелаифи: Жал ми е за Барса, Јуве и Реал, навистина не го разбираат фудбалот

Претседателот на Пари Сен-Жермен и на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), Насер Ал-Хелаифи во интервју за „Марка“ влезе во нова „закачка“ со основачите на Европската Суперлига, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид обвинувајќи ги дека не го познаваат светот на фудбалот велејќи дека сакаат промени со „пауерпоинт презентации“.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, заедно со ЕЦА, односно Хелаифи имаа средба со „А22“ компанијата која ги претставува трите клуба и по која УЕФА уште еднаш ја отфрли „несериозната“ идеја за Суперлигата. Ал-Хелаифи отиде и подалеку.

„За жал, на состанокот со А22, или можеби А23 или А24, со нов бренд секоја година, некои луѓе се обидуваат да ја напишат историјата на фудбалот и да го поделат светот со пауерпоинт презентации. Да бидам искрен, жал ми е за нив бидејќи едноставно не го познаваат фудбалот и системот. Зборуваат за Надал и Федерер. Јас како поранешен тенисер ќе ви кажам дека Рафаел и Роџер се двајцата најдобри спортисти во историјата, бидејќи работеа напорно и никогаш не побараа затворена лига на најдобрите. Го заштитуваа тениското семејство и затоа не го користите нивното име за вашите неуспеси“, вели Ал-Хелаифи.

Scroll to Top