ФИФА донесе пресуда во спорот помеѓу тренерот Славен Билиќ и фудбалскиот клуб Ал Итихад. Клубот од Саудиска Арабија ќе мора да му испалти на тренерот на ВБА 15 милиони долари.
Славен Билиќ стана тренер на Ал Итихад во февруари 2019 година. Тогаш тој потпишал договор до 2021 година меѓутоа по 16 натпревари клубот го раскина договорот со тренерот.
Билиќ го презеде Ал Итихад по четири кола во кои клубот освоил само еден поен. Во наредните 16 натпревари Хрватот забележал четири победи, пет нерешени и седум порази.
Поради тоа челниците на Ал Итихад го раскинаа договорот со него, а на клупата го донесоа неговиот сонардоник Зоран Мамиќ.