Top Sport

Ал-Итихад му нуди „мега“ договор на Вилфрид Заха

Напаѓачот на Кристал палас, Вилфрид Заха може да му стане еден од главните ривали на Кристијано Роналдо, по вестите дека Ал-Итихад му нудат богат договор на 30-годишниот напаѓач.

Заха подолго време е поврзуван со трансфер од лондонскиот премиерлигаш во попрестижен клуб, според „Дејли мејл“, сите тие понуди паѓаат во сенка на парите кои му ги нудат Ал-Итихад, кои се подготвени да го срушат рекордот на клубот. Тие му нудат 200.000 фунти во недела, што е еквивалент на 320.000 фунти во Премиерлигата ако се земат во предвид даноците кои ги плаќа во Велика Британија.

Scroll to Top