Top Sport

Ал-Келаифи: Го имаме најдобриот светски играч!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи вели дека доаѓањето на Лео Меси е голема вест, но тој во разговор за „СНН“ открива дека е изненаден како сето тоа одекна во јавноста.

„Се чувствувам фантастично, многу среќно, гордо. Овој светски играч потпишува за нашиот клуб. Фантастично чувство. Секогаш имаме многу големи амбиции. Денес го имаме најдобриот светски играч. Започнавме контакт со Меси и знаевме дека постои желба од двете страни. Последните три дена добивме многу повици од комерцијалните партнери, искрено, не очекував до толку. Знам дека тоа е Лео, тоа е Меси, сепак ова е над нашите цели, фантастично“ вели Ал-Келаифи.

Првиот човек на „Светците“ вели дека засега не поставуваат никаква „мисија“.

„Да бидам искрен, не поставувавме никаква мисија. Затоа што тој си постави мисија самиот, на прес-конференцијата во Барселона. Рече дека сака да победува и отиде за да освојува трофеи. Тој е победник, тој размислува само за фудбалот и затоа го сакам. Се што сакаме е тој да биде Лео каков што всушност е“ рече претседателот на ПСЖ.

Scroll to Top