Top Sport

Алаба не се договори со Баерн, наредното лето ќе замине без обесштетување

Давид Алаба не успеа да се договори со Баерн околу новиот договор. Австриецот ќе остане во Минхен оваа сезона, а потоа како слободен играч ќе го напушти клубот, тврди Кикер.

Напорните преговори помеѓу Баерн и менаџерот на Алаба завршија без да биде постигнат договор. Баерн не ги прифатија мегаломанските барања на фудбалерот.Алаба од клубот бараше пет годишне договор, вреден 20.000.000 евра по сезона.

Баерн се обиде и да го продаде левиот бек меѓутоа не најде заинтересирани да го платата обесштетувањето од 60.000.000 евра.

Тоа значи дека Алаба во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови, а по завршувањето на сезоната ќе замине како слободен играч.

Scroll to Top