Top Sport

Алаба: Се откажав од голема „комотност“ за да играм за Реал

Австриската ѕвезда на Реал Мадрид, Давид Алаба во интервју за весникот „Куриер“ имаше шанса да осврне на почетокот на неговата кариера на „Сантијаго Бернабеу“ и вели дека се откажал од многу „комотност“ за да го направи трансферот.

Алаба одби да го продолжи договорот со Баерн Минхен по долгиот престој во Баварија, и иако имаше одличен старт на кариерата како „бланкос“, признава дека не било лесно.

„Баерн ми беше втор дом по 13 години таму. Имав важна улога во клубот и во тимот, го знаев градот и имав многу пријатели. Морав да се откажам од многу комотност за да заминам за Реал Мадрид. Многу луѓе во соблекувалната не зборуваат англиски, така што морав да го усовршам шпанскиот јазик, но уште не сум подготвен да давам интервјуа на шпански“, вели Алаба.

Scroll to Top