Top Sport

Алаба за водство на „кралевите“ во Хелсинки

Откако „охрабрени“ од поголемиот дел од публиката на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки, Ајнтрахт Франкфурт неколку пати се заканија по голот на Тибо Куртоа, Давид Алаба во 37. минута од мечот донесе 1:0 водство на Реал Мадрид во Европскиот Суперкуп.

Карим Бензема се избори за една топка во шестнаестникот и неговиот обид го пренасочи Касемиро, за топката да дојде до Алаба, кој немаше проблем да ја смести во мрежата.

Scroll to Top