Top Sport

Алан Карбишли доби своја трибина на стадионот на Чарлтон

Чарлтон Атлетик, реши источната трибина стадионот, од сезоната 2021/2022, да го носи името на легендарниот играч и тренер Алан Карбишли (63).

Карбишли во два мандати го носел дресот на Чарлотн Атлетик (1984-1987, 1990-1993), а потоа 15 години бил менаџер, од 1991 до 2006.

Како менаџер, Карбишли, го предводел Чарлтон Атлетик на 729 натпревари. Два пати успеал да обезбеди пласман во Премиер лигата, во 1998 и 200 година. Чарлотн Атлетик изминатите години минува низ тежок период, клубот се натпреварува во Првата дивизија, но има шанса, наредната повторно да се врати во Чемпионшип дивизијата.

Карбишлисо честа која ја доби влезе во одбрано друштво на играчи и тренери кои добиле свои трибини, меѓу нив се Боби Чарлтон и Алекс Фергусон (Манчестер јунајтед), Кени Далглиш (Ливерпул), Боби Мур, Тревор Букинг, Били Бондс (Вест Хем), Колин Бел (манчестер сити), Џеф Астл (ВБА), Били Рајт, Џеф Хајворд, Стен Калис (Вулверхемптон), Нет Лофхаус (Болтон), Џек Милбурн (Њукасл), Џеони Хејнс (Фулам)…

Scroll to Top