Бразилецот Алан официјално стана играч на Евертон. Алан на „Гудисон парк“ пристигна од Наполи. Евертон за неговиот трансфер издвои 24.000.000 евра.
Челниците на Евертон му ја исполнија желбата на тренерот Карло Ачелоти кој инсистираше на трансферот на Алан. Поранешниот фудбалер на Васко де Гама е првото засилување за „карамелите“ во преодниот рок.
Според англиските медиуми наскоро со Евертон договори ќе потпишат Хамес Родригез и Абдулае Дукуре.
6️⃣ Nosso novo número seis!
6️⃣ Our new number six!#BemVindoAllan pic.twitter.com/TPnewJ8Kts— Everton (@Everton) September 5, 2020