Top Sport

Алардајс: Јас би ги средил Арсенал, уште утре, но не сум во мода!

Поранешниот англиски селектор Сем Алардајс вели дека има „решение“ за проблемите на Арсенал, и дека би ги решил уште утре, но дека не е доволно „во мода“ за да стане менаџер на клубот од северен Лондон.

65-годишниот „Биг Сем“ има одлично искуство од Премиер лигата со работа во Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест хем, Сандерленд, Кристал палас и Евертон, но беше срамно отпуштен од англиската селекторска позиција по еден меч поради поврзаност во корупциски скандал. Тој неодамна се пофали дека би бил менаџер на Манчестер јунајтед доколку имал странско име како „Алардисио“, а сега вели дека има „рецепт“ и за Арсенал.

„Арсенал ја загубија својата насока во моментов. Потребно им е поврзување како тим, некој треба да ги мотивира во соблекувалната. Јас би можел да ја средам нивната одбрана и да ги направам уште утре, без проблем. Го направив тоа каде и да бев: Њукасл, Блекбурн, Болтон, Кристал Палас, Вест хем, Евертон… Не можеш да го средиш нападот, таму ти требаат добри напаѓачи, а Арсенал ги има. Но не би го добил тоа место, бидејќи не сум доволно во мода за Арсенал“, вели Алардајс.

Алардајс: Да се викав „Алардисио“ ќе бев тренер на Манчестер јунајтед

Scroll to Top