Сем Алардајс е презадоволен од силата на неговиот Лидс во финишот на сезоната во која треба да обезбеди опстанок, велејќи дека на мечот со Манчестер сити не капитулирале како Реал Мадрид.
Лидс освои еден поен во два меча под водство на Алардајс – по 2:1 поразот од Манчестер сити, тие минатата недела извлекоа реми против Њукасл и вели дека неговиот тим не се „распаднал“ како Реал под притисокот на Манчестееер сити.
„Го видовме Реал Мадрид кој потклекна оваа недела, нешто што ние го не го направивме. Уживам во Лидс и не ни помогна што игравме со Манчестер сити во еден од мечевите, а потоа дадовме два пенали против Њукасл. Но, сигурен сум дека ќе успееме да ги задржиме Лидс во Премиерлигата бидејќи им беше потребно долго време да се вратат“, вели Алардајс.
Алардајс претходно предизвика огромни реакции со изјавата дека е исто толку добар како Гвардиола, Јирген Клоп или Микел Артета, а сега признава дека тоа било тактика да помогне на своите фудбалери.
„Тоа беше за да се тргне притисокот од играчите и фокусот да е кон мене. Тоа ме научи мајсторот – Ферги. Тој велеше да се креира диверзија, да се каже нешто пред медиумите за да се тргне притисокот од фудбалерите кои се под критики. Еј, и покрај тоа, не кажав дека сум подобар од нив“, додава Алардајс.