Сем Алардајс вели дека сопругата на Оливие Жиру е најголемата пречка за потенцијален трансфер на Французинот во тимот на Евертон.
Евертон, без болниот Вејн Руни, не успеаја да постигнат гол при 0:0 ремито со Вест Бромвич Албион уште еднаш покажувајќи дека им е потребен напаѓач. Сепак, Жиру, кој сака повеќе време на теренот во обидот да биде дел од француската репрезентација на СП следната година, според Алардајс има „забрана“ за барање тим на север од Ватфорд.
„Тој не одби последниот пат во текот на летото. Колку што јас знам, најсеверно што би отишол е Ватфорд, бидејќи жената сака така. Верувајте, тоа е многу важно за жените. Обично, тие се шефовите“, вели Алардајс.