Последнопласираниот тим во Ла лига, Депортиво Алавес реши да го отпушти италијанскиот стратег Џани де Бјаси само два месеци откако го именуваше поранешниот албански селектор за тренер на тимот.
Хавиер Кабелјо ќе биде преоден тренер на тимот од Алавес, исто како во ситуацијата кога Аргентинецот Луис Зубелдија беше отпуштен во септември.
„Сино-белите решија да го прекинат договорот на Џани де Бјаси по последните резултати во лигата“, се вели во соопштението на клубот.
61-годишниот Де Бјаси имаше катастрофален скор од шест порази во осум лигашки натпревари, но исто така ги заработи единствените победи во првата лига оваа сезона за Алавес, над Леванте и Еспањол.