Тинејџерот на Манчестер јунајтед, Уругваецот Факундо Пелистри беше претставен како засилување на Алавес, признавајќи дека негов идол е Лионел Меси.
19-годишниот Пелистри ќе биде позајмен во шпанскиот прволигаш до крајот на сезоната, откако пристигна во Јунајтед во октомври и се смета за еден од фудбалерите на кои треба да се гради иднината на тимот. Пелистри ќе има шанси да дебитира против својот идол, Меси и Барселона следниот викенд.
„Секој фудбалер е поинаков, но мене ми се допаѓа стилот на игра на Лео Меси повеќе од тој на Нејмар“, вели Пелистри.
? ????????? ???????? ?
¡Qué bien te sientan estos colores, @FPellistri07! ? #OngiEtorriPellistri #GoazenGlorioso ? pic.twitter.com/txs5ouhECN
— Deportivo Alavés (@Alaves) February 8, 2021