Поранешниот дефанзивец на Барселона, Абелардо на 1 декември беше именуван за тренер на тимот на Алавес, и досега има стоотстотен учинок со тимот од Баскија, откако во петокот со 2:0 ги совладаа Лас Палмас.
По импресивната 3:2 победа со пресврт на гостувањето кај Џирона со хет-трик на Ибаи, 28-годишниот Шпанец повторно стрелаше во 23. минута да донесе малку радост на „Естадио Мендизоротза“, пред Мунир ел Хадади да го реши натпреварот во 55. минута.
Со оваа победа, само четврта во 15 кола во Ла лига, Алавес го „прескокна“ Лас Палмас на 18. место на табелата со 12 поени, иако и двата тима ги очекува тешка задача за обезбедување опстанок.