Top Sport

Алба: Барса е подобра од годината кога освои тројна титула

Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба вели дека чувствува дека неговиот клуб е подобар од 2015 година, кога Каталонците стигнаа до историска втора тројна титула.

Барселона засега е непоразена во Ла лига и има предност од 9 поени, се пласираа во финалето на Кралскиот куп, а исто така се во четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде што утре играат со Рома, и Алба вели дека ги сакаат трите трофеи.

„Во моментов чувството е многу подобро и мислам дека можеме да ги повториме остварувањата од 2015, бидејќи не сме само на добар пат, туку и играме навистина добро. Во соблекувалната уште не се зборува за тројна титула, но знам дека нашите фанови се надеваат на такво нешто. Уште е рано, но зошто да не?“, се прашува Алба.

Барселона се апсолутни фаворити против Рома, но Алба вели дека не треба да се потцени италијанскиот тим.

„Знаеме дека имаме силен тим и дека ако играме на нашето ниво можеме да ги победиме сите, но ова е Рома, клуб кој беше прв во својата група со Атлетико и Челси“, додава Алба.

Scroll to Top