Жорди Алба се договорил со Интер Мајами и покрај интересот на Атлетико Мадрид, Интер и клубови од Саудиска Арабија, тврди „Мундо депортиво“, со што повторно ќе игра со својот поранешен соиграч, Лионел Меси.
Според „МД“, Алба ќе биде купен со таканаречниот ТАМ систем, дел од селери-капот во американската МЛС лига, но финансиските детали не се објавени. Алба потврди дека си заминува од Барселона, заедно со уште еден поранешен соиграч на Меси, Серхио Бускетс, за кој исто така постои интерес во МЛС лигата.
Интер Мајами ќе се обидат да пронајдат поинаков начин да го плаќаат Алба, како потенцијално промовирање на амбасадор за Светското првенство во САД, Канада и Мексико во 2026 година.