Фудбалерот на Барселона Жорди Алба навестил дека ги договорил деталите околу потпишувањето на новиот договор.
Актуелниот договор на Алба со Барселона истекува во јуни 2020 година. Наводно, менаџерот на левиот бек два пати преговарал со клупските челници, но разговорите не биле успешни.
„Сигурен сум дека наскоро ќе има нови информации. Јас сакам да останам“, рекол Алба.
Шпанските медуми објавија дека Алба на „Ноу Камп“ ќе остане до 2024 година и дека тоа ќе биде официјално потврдено во наредните денови.