Жорди Алба заврши со Барселона, откако реши да го раскине договорот една година пред неговиот истек, и сега во интервју за каталонскиот „Спорт“ признава дека сакал да остане на „Ноу Камп“, но дека направил одлука во корист на тимот.
„Да бев себичен, ќе останев, бидејќи имав договор, бев дома и блиску до моето семејство. Сепак, сакав да останам искрен кон навивачите и затоа заминав“, вели Алба.
Тој вели дека неговото отсуство нема да биде почувствувано во тимот на Чави Ернандез, бидејќи Алехандро Балде е подготвен.
„Тој е физички ѕвер. Уште е млад и може да подобри многу работи. Со малку искуство имаше одлична сезона“, додава Алба, кој според повеќе шпекулации ќе му се приклучи на својот поранешен соиграч Лионел Меси во Интер Мајами.