Top Sport

Алба потпишува со Интер Мајами денеска, сега се чека на Луис Суарез

Интер Мајами денеска ќе го комплетираат трансферот на Жорди Алба, а во игра е и Луис Суарез со што би се создала мини-колонија на поранешни играчи на Барселона на Флорида, потврди ко-сопственикот на клубот, Хорхе Мас.

34-годишниот Алба си замина од Барса една година пред истекот на договорот и ќе пристигне како слободен играч во Мајами, приклучувајќи се на Серхио Бускетс и Лионел Меси, како и на поранешниот тренер на каталонскиот клуб, Тата Мартино.

„Меси ќе дебитира во петок против Круз Азул. Жорди Алба ќе потпише денеска, тоа е сигурно. Луис Суарез е играч на Гремио и има договор, иако ја сфаќаме блиската врска која ја има со Лионел, Бускетс и Алба. Играа заедно во Барселона. Засега не сме имале директни преговори со Гремио и Суарез и не знам како тој може да замине од клубот. Ако тоа се случи, тогаш ќе разговараме да го донесеме и Луис во Интер Мајами“, вели Мас.

Суарез потпиша двегодишен договор со Гремио во 2022 година, откако си замина од Атлетико Мадрид. Тој помина половина сезона во својот клуб од детството, Насионал Монтевидео со кои ја освои титулата, пред да замине во Гремио.

Scroll to Top