Top Sport

Алберто: Скудетото за Лацио не е реално, да останеме „на земја“

Лацио ја заврши 2019 со голема победа над Јувентус во финалето на италијанскиот Суперкуп (3:1) во Саудиска Арабија со што станаа единствениот тим кој стигнал до две победи над италијанскиот шампион оваа сезона.

Секако, ова ги подгреа амбициите на „бјанкочелестите“ дека е можен обид да се освои титулата, посебно бидејќи покрај Интер, тимот на Симоне Инзаги е најсериозниот конкурент оваа сезона. Луис Алберто, еден од креаторите на овој успех тврди дека треба да се остане реален.

„Да се освои титула против Јувентус е одлично, но најзаслужен за ова е Симоне Инзаги. Веруваме во него и знаеме дека оваа сезона можеме да го кренеме нивото до крајот на сезоната. Скудето? Не, не е реално да размислуваме за тоа. Треба да заборавиме, да се фокусираме на секој следен меч и на крај да го заддржиме победничкиот менталитет. Научивме од нашите грешки во минатото и нема да ги повториме“, вели Шпанецот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');