Top Sport

Албиол: Сега против најдобриот тим на светот

Централниот бек на Наполи, Раул Албиол по осмата победа на стартот на Серија А, изјави дека сега е подготвен за „најдобриот тим на светот“, Манчестер сити.

Наполи стигна до осмата победа во исто толку мечеви на стартот на италијанскиот шампионат, победувајќи ја Рома со 1:0 на „Олимпико“ со што направија предност од 5 поени на врвот на табелата. Италијанскиот лидер во вторник навечер ќе се судри со англискиот лидер, Манчестер сити, откако момците на Пеп Гвардиола ги „прегазија“ Стоук со 7:2.

„Сакам да биде голем натпревар. Како дефанзивец, не можам да посакам да заврши 4:3, но сите ги чекаат овие два тима кои играат напаѓачки фудбал и постигнуваат многу голови. И ние сме во добра форма, како тим кој се подобри ментално и не ги прави истите грешки како лани“, вели Албиол.

Scroll to Top