Top Sport

Алчниот Нејмар бара 1,1 милиони евра неделна плата

Бразилскиот фудбалер Нејмар, според пишувањата на англиските медиуми, им поставил неверојатни услови на челниците на ПСЖ за да остане на „Паркот на принцовите“.

Нејмар, во татковината, се рехабилитира од фрактурата на метатарзалната коска, повреда поради која ја заврши сезоната.

Крилниот напаѓач минатото лето за рекордни 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Сепак постои можност тој по само една сезона да го напушти Париз, а споре медиумите може да се врати во Каталонија или да се пресели во Реал.

Нејмар од доаѓањето во ПСЖ речиси секојдновно предизвикува разни контроверзи, најпрвин имаше вербален дуел со Кавани, потоа се шпекулираше дека поради него соблекувалната е поделена во кланови, дека е незадоволен од квалитетот на француската лига, а дополнително бил разочаран од елиминацијата на ПСЖ во осмина-финалето во Лигата нашампионите.

Нејмар и неговиот ја користат оваа ситуација за да извлечат повеќе пари од клубот. Имено, англиските медиуми пишуваат дека Нејмар сениор му се заканил на првиот човек на ПСЖ, Насер ал-Келаифи, дека ќе побара трансфер на својот тим доколку клубот не му обезбеди неделна плата од 1,1 милиони евра!.

Ова значи дека семејството Нејмар бара платата на фудбалерот да му биде дуплирана со што тој би станал фудбалер со најголема плата во светот на фудбалот.

Scroll to Top