Top Sport

Алдервајрелд заминува од Тотенхем по шест години

Белгискиот дефанзивец на Тотенхем, Тоби Алвервајрелд е пред остварување на трансфер од 13 милиони фунти во катарскиот Ал-Духаил, заминувајќи од северен Лондон по шест години.

32-годишниот Алдервајрелд го загуби стартното место во Тотенхем минатата сезона, и реши да се обиде добро финансиски да профитира во Катар. Тој се збогуваше со фановите на Тотенхем преку социјалните мрежи.

„Шест години, два дома, финале од Лигата на шампионите и многу прекрасни сеќавања. Ме направивте да се чувствувам како дел од клубот од моментот кога излегов на ‘Вајт харт лејн’ и не поддржувавте и на новиот специјален стадион. Ви благодарам на сите. Овој клуб секогаш ќе биде во моето срце и во во срцето на моето семејство“, напиша Алдервајрелд.

Алдервајрелд пристигна во Тотенхем во 2015 година од Атлетико Мадрид за 14 милиони фунти, и одигра вкупно 236 натпревари за клубот, постигнувајќи 9 гола.

Scroll to Top