Top Sport

Алегри бил подготвен да го замени Солскјер

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри бил подготвен да го замени Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед.

„Тутоспорт“ тврдат дека Алегри имал прелиминарна средба со челниците на Манчестер Јунајтед и дека договорил годишна плата од 7,5 милиони евра.

Позициите на Солскјер на „Олд Трафорд“ се разнишани по серијата на лоши резултати. Манчестер Јунајтед, по осум кола во Премиер лигата се наоѓаат на 12 место на табелата.

Според овој извор Алеги во Јунајтед ќе има можност да соработува со двајца свои поранешни играчи од Јувентус. „Црвените ѓаволи“ за јануари го договорија трансферот на Марио Манџукиќ, а доколку Алегри го преземе тимот тогаш во имот ќе пристигнел и Емре Џан.

Овие двајца се незадоволни во Јувентус откако тренерот Маурицио Сари не ги пријави за настапите во Лигата на шампионите.

Исто така „Тутоспорт“ открива дека помошник на Алегри ќе му биде поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра.

Scroll to Top