Top Sport

Алегри: Дербито Јувентус-Милан е поважно за нив

Масимилијано Алегри, инаку поранешен тренер на двата клубови, вели дека утрешното дерби Јувентус-Милан е далеку поважно за „росонерите“ отколку за Јувентус.

„Бјанконерите“ имаат освоено само еден поен во првите три меча од Серија А оваа сезона, додека Милан имаат три победи и се на првото место на табелата.

„Ова е еден од најважните мечеви во сезоната, можеби најважниот. Милан го имаат подобрено тимот во последните две сезони, додека ние имаме големи очекувања, иако мечот е поважен за нив отколку за нас“, вели Алегри.

Алегри се врати во Јувентус по две години ова лето, и признава дека тимот е поинаков.

„Најдов поинаков Јувентус. Не може да се споредува овој тим со тој од минатото. Овој тим има сопствен идентитет, но мораме да станеме вистински тим и да се подобриме во многу делови на играта. Требаше да имаме повеќе поени по првите мечеви, но немаме. По паузата во ноември ќе видиме во каква позиција сме“, додава тренерот.

Scroll to Top