Top Sport

Алегри и Манџукиќ повторно во ист клуб?

Масимилијано Алегри по пауза од една година повторно ќе и се врати на својата работа. Прашање е само каде ќе биде тренер докажаниот тренер. Од петокот Алегри најмногу се поврзува со Интер.

Доколку се случи она што се најавува во Италија, Антонио Конте да замине од Интер, тогаш клубот од Милано ќе тргне по Алегри, иако француските медиуми го поврзуваат и со клупата на ПСЖ.

Ако Интер го назначи Алеги за тренер тогаш според шпекулациите тој би сакал да го донесе на „Џузепе Меаца“, Марио Манџукиќ. Алеги и Манџукиќ имаа успешна соработка во Јувентус. Хрватот е слободен играч откако го раскина договорот со Ал Духаил.

„Тутоспорт“ пак тврди дека опција за Манџукиќ е и Рома која бара напаѓач во случај Един Џеко да се премисли и да се реши да замине од Рим.

Scroll to Top