Top Sport

Алегри им кажал не на Манчестер јунајтед

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ја одбил понудата од Манчестер јунајтед да биде заменик на Жозе Мурињо, јавува италијанскиот „Калчомеркато“.

Јунајтед наводно му понудиле на Италијанецот тригодишен договор вреден 9 милиони евра, вклучувајќи и буџет за трансфери од фантастични 200 милиони евра, во обид да го натераат Алегри да си замине од Јувентус, каде што има фантастичен успех.

Алегри бил поласкан од понудата и одговорил дека по Јувентус, Јунајтед е неговиот втор избор, а во целиот обид наводно се вклучил и Сер Алекс Фергусон, кој лично изјавил дека италијанскиот тренер е еден од најдобрите на светот.

Сепак, Алегри се одлучил да одговори на предизвикот со Јуве и да се обиде да ја донесе толку посакуваната титула од Лигата на шампиони, така што секој трансфер би се случил следното лето.

Фото: ЕПА

Scroll to Top