Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека одлуката да го постави Пауло Дибала на клупата не е многу важна, бидејќи на Аргентинецот му е потребен одмор по напорната 2017 година.
Дибала имаше одличен старт на сезоната во Серија А, но од септември постигна само два гола во Серија А. Тој постигна еден гол и намести уште еден во дуелот од Купот против Џенова во средата, но позагрижувачки за фановите на „бјанконерите“ е фактот што има сè поголеми шпекулации дека Аргентинецот заминува од Италија.
„Среќен сум што Пауло постигна гол против Џенова. Тој играше 38 меча оваа сезона, многу повеќе од некои играчи, така што не е чудно да биде на клупата. Нема никаква друга приказна“, вели Алегри.