Top Sport

Алегри не бара работа, решил малку да паузира од фудбалот?

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да прифати нова работа оваа сезона и решил малку да се одмори од професионалниот фудбал, јавува „ЕСПН“.

Алегри си замина од „бјанконерите“ ова лето по пет сезони во Торино, каде што освои пет титули од Серија А и четири титули од Копа Америка. Тој ги предводеше Јуве до две финалиња од ЛШ, но двете ги загуби и клубот реши да го смени со Маурицио Сари.

52-годишниот Алегри беше поврзуван со Манчестер јунајтед и со Арсенал, но според „ЕСПН“, тој решил оваа сезона да не прифаќа работа и да се одмори од фудбалот, слично како што направи Пеп Гвардиола во 2012 со Барселона, па заврши во Баерн и Томас Тухел во 2017 со Борусија Дортмунд, за да прејде во Пари Сен-Жермен. Антонио Конте исто така паузираше една година пред оваа година да се врати со Челси.

Scroll to Top