Top Sport

Алегри пак со „боцка“ за Роналдо: Сега нема лични цели во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри на прес-конференција пред дербито на Торино, без да го спомене Кристијано Роналдо, уште еднаш посочи дека Јувентус сега е „вистински тим“ без индивидуални цели.

Алегри и Роналдо немаа најдобра соработка во Јувентус, која дојде до неочекуван крај минатото лето, кога Португалецот побара трансфер во Манчестер јунајтед.

„Мислам дека сега, кога личните цели се ставени на страна, сите се фокусираат а тимот. Заедно сме шест-седум месеци, подобро се запознавме и повеќе чувствуваме дека сме вистински тим. Има ентузијазам за победи, иако ќе биде многу тешко оваа сезона. Утре имаме клучен меч за сезоната со Торино, а потоа треба да се подготвуваме за дуел од Лигата на шампионите против Вилјареал. Целта е пред нас“, изјави Алегри.

Scroll to Top