Артур Мело, покрај тоа што е еден од фудбалерите чиј трансфер во Јувентус е под истрага, не престанува да му прави проблеми на Масимилијано Алегри, кој потврди дека Бразилецот ќе биде казнет за постојано доцнење на тренинзите на клубот.
Бразилецот пристигна на „Алијанц стадионот“ од Барселона во текот на летото 2020 за фантастични 76 милиони евра, како дел од „трампата“ со Миралем Пјаниќ, но во ниту еден момент не беше редовен стартер, заработувајќи вклупно 40 меча во сите натпреварувања.
Артур потпиша за клубот кога тренер беше Маурицио Сари, но кога пристигна во клубот, на клупата беше Андреа Пирло, под кого имаше 32 меча минатата сезона. Оваа сезона, тој имаше операција на коленото во јули и има само 8 настапи за „бјанконерите“.
„Артур задоцни утрово, така што нема да биде во составот за Венеција. Не е во ред да доцниш еден ден пред мечот, така што нема да патува со тимот. Ќе се врати на тренинзи од вторник“, изјави Алегри.
Во април, Артур беше еден од тројцата фудбалери кои беа суспендирани од Јуве откако присуствуваше на забава во куќата на Вестон Меккени покрај Пауло Дибала. Тој има договор со клубот од јуни 2025, и Јувентус тешко дека ќе може да го продаде, бидејќи секоја продажба под 50 милиони евра (цена која нема да се достигне) ќе биде запишана како капитален губиток на клубот.