Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, потврдил дека неговите фудбалери утеха за поразот од Алетико Мадрид (2:0) нашле во забавата со 60 девојки.
„Јас сум тренер не сум полицаец. Го направија тоа и мислам дека тоа добра работа, се вратија во „живот“. Одоговрини се знаат што прават“, рекол Алегри.
По забавата во торинскиот хотел „Мажестик“, во раните утрински часови, девојките во групи го напуштиле хотелот.
На забавата од фудбалерите не присуствувале само Федерико Бернардески и Андреа Барѕаљи.
По овој скандал што го објави весникот „Кинг“ Јувентус забележа две победи во првенството против Наполи (2:1) и Удинезе (4:1). Јувентус, во вторник, ќе го игра реваншот против Атлетико.
Сочен трач: Фудбалерите на Јуве по поразот од Атлетико се „тешеле“ со 60 манекенки (фото)