Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, со пофални зборови го анализирал учинокот на Кристијано Роналдо на натпреварот против Киево. Португалецот, во Верона, го одигра целиот натпревар, не успеа да постигне гол, а неговиот тим во финишот успеа да победи 2:3.
„Жалам што не постигна гол. Работевме заедно само седум дена. Тј одигра добро, среќен е што победивме. Дибала и Роналдо се заменија, а морате добро да го познавате Кристијано кога ќе му ја додавате топката. Знаевме дека нема да биде лесно против Киево“, рекол Алегри.
Јувентус, во наредното коло ќе го пречека Лацио, дуелот се игра на 25 август.
Наместо лесен триумф, драма и гол во 93. минута за победа на Јуве (видео)